-->
-->
Украден златен накит и 50.000 денари од куќа на улица „Пехчевска“ во Скопје
-->
Четириесет и петгодишниот В.Н. од Скопје синоќа во полиција пријавил дека во неговата куќа на улица „Пехчевска“ од страна на двајца непознати сторители извршена е тешка кражба, при што одземен е разновиден златен накит и 50.000 денари со што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 270.000 денари.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека кражбата сторителите ја извршиле на тој начин што влегле преку терасата.
При напуштањето на куќата, тие се сретнале со сопственикот на куќата, кој во меѓувреме се вратил дома. Тој се обидел да ги спречи, но двете лица успеале да избегаат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност