УХМР: Слаба магла по одделни котлини, најстудено утрово на Попова Шапка и во Лазарополе
Најниска темоература (5 степени) утрово во 7.30 часот е измерена во Лазарополе и на Попова Шапка.
Шест степени во Маврови Анови, седум во Куманово, осум во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Берово, девет степени се измерени во Тетово и Крушево, 10 во Скопје-Зајчев Рид, 11 во Охрид, Битола, Прилеп, Струмица и Дебар, 12 во Штип, Велес и Кавадарци, 13 степени во Демир Капија и Виница и 14 во Претор и Гевгелија.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнал во Дебар, седум литри на квадратен метар, шест на Попова Шапка, четири литри на квадрат воден талог се измерени во Тетово, три во Охрид, два во Маврови Анови и Крушево и еден литар на квадрат во Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и Крива Паланка.
-Утрово е сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, информира УХМР.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура денеска ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер, претежно од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне 21 степен.
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти