Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
Премиерот фрли лопата за нова инвестиција вредна 40 милиони евра. Почна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија Авеста, која предвидува отворање на 600 нови работни места. Се очекува извоз од половина милијарда евра.
„Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50-тина милиони, тој ќе се развива“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот очекува годината да заврши со рекорден број на странски инвестиции.
„Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени“, изјави Мицкоски, премиер.
Очекувањата на властите се дека со оваа инвестиција ќе се зајакне локалната економија и дека ќе придонесе за намален број на иселени млади од државата.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар