Македонија
30. April 2016 - 19:21

Убавка од Кочани доби Фолксваген Пасат на инстант лозот Среќни тркала

Убавка Мицевска од Кочани доби автомобил Фолксваген Пасат на Инстант лозот Среќни тркала на Државна лотарија на Македонија. 

Таа е редовен играч на сите нивни игри на среќа. Покрај Пасатот, доби и дополнителен сет зимски гуми од Мото центар, кој е соработник на Државна лотарија на Македонија за инстант лозот Среќни тркала. 

Овој најнов инстант лоз беше пуштен во продажба на 24 октомври 2015 година и чини 50 денари. Главната премија се седум автомобили Фолксваген Пасат, a во себе крие и уште вредни парични добивки, соопштија од Државна лотарија на Македонија.