Уапсени две лица со алати за провала во подрачјата зафатени од пожарите во североисточниот дел на областа Атика

– Во рамките на патролите и зголемените мерки за безбедност во подрачјата зафатени со минатонеделниот пожар во североисточниот дел на областа Атика, грчката полиција уапсила две лица, кај кои биле пронајдени алати за провала и веројатно нивната намера била кражби од оштетените објекти, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека уапсените, на возраст од 35 и 23 години, се превезувале со автомобил во една од населбите зафатени од пожарот, а откако биле оценети како сомнителни и бил извршена проверка на возилото, биле пронајдени и одземени помала количина дрога, како и радиостаница, шрафцигер, копач и импровизирана дрвена палка.
Едниот од уапсените веќе има криминално досие и во минатото издржувал и затворски казни за разбојништва, кражби и поседување дрога.
– Патролите во подрачјата погодени од неодамнешните пожари ќе продолжат со спроведување на превентивни и репресивни активности за спречување на незаконски дејствија како и обезбедување на целата потребна помош и поддршка на жителите, соопштија од грчката полиција.
Во петокот беа приведени околу десет лица, а едно беше уапсено за кражби во оштетените објекти од пожарот а тогаш државната телевизија ЕРТ објави дека станува збор за Роми.
Ново на Сител
-

33-годишник се возел со „калашников“ во Арачиново
-

Струмица: Инспектор добил отказ па наместо да го предаде пиштолот го извадил и испукал куршум
-

Уапсено лице од велешко, возел со 2,84 промили алкохол во крвта
-

Единаесет месеци затвор за родителот од „Шкупи“, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница
-

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
