-->
-->
Уапсена 24-годишна девојка, возела со 1,55 промили алкохол во крвта и удрила во паркирана кола
-->

На 02.12.2025 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово.
При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
