Македонија
3. December 2025 - 12:15

Македонско српски бизнис форум во Скопје

Премиерот Мицкоски го откажа учеството на македонско-српскиот бизнис форум кој денеска се одржува во Скопје. Како што информираше владината прес служба, премиерот го откажал своето присуство и обраќање поради здравствени причини, без да прецизираат повеќе детали.

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис со цел интензивирање на економската соработка

Пред одржување на форумот, во Владата, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ потпишаа Меморандум за разбирање.