Македонија
3. December 2025 - 12:18

Годишна конференција на МАСИТ

Во Скопје денеска се одржува годишната конференција организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Темата на конференцијата, како што соопштува организаторот, носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието.

Конференцијата ја отворија претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.