-->
-->
Уапсен Здравко Мамиќ!
-->
Извршниот претседател на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ е уапсен во средата заедно со уште пет други лица, јави Хрватската телевизија (ХТВ).
Повикувајќи се на неименувани извори ХТВ јави дека меѓу уапсените е и синот на Мамиќ, инаку функционер во Динамо Загреб.
Мамиќ наводно бил уапсен поради финансиски малверзации, односно за незаконско извлекување на пари од трансферите на играчите на Динамо.
На почетокот на јули, оваа година, хрватската полиција покрена истрага против браќата Зоран и Здравко Мамиќ, под сомнение дека затаиле данок, но и за други незаконски активности, поради што го оштетиле Динамо за 15,6 милиони евра, а државниот буџет за 1,6 милиони евра.
Покрај тоа Здравко Мамиќ е осомничен дека незаконски извлекол од клубот најмалку 6,9 милиони евра, а неговиот брат Зоран пет милиони евра.
Со истрагата се опфатени и извршниот претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз Дамир Врбановиќ и даночниот инспектор Милан Пернат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк