Свет
16. November 2015 - 13:30

Уапсен најбараниот човек на светот и организатор на масакрот во Париз!

Белгиската полиција успеала да упаси еден од осомничените озглогласени терористи, Салах Абдеслам (26), кој се криел во предградието Моленбек во Брисел.
 
Белгиската полиција сеуште не ги потврдила овие информации. Инаку од ова предградие е и озглогласениот џихадист Абделхамид Абауд, кој во почетокот на оваа година е осуден на 20 години затвор.
 
Француската полиција преходно издала потерница за Абдеслам (26), со француско државјанство кој е роден и живее во Белгија, а кој е осомничен дека заедно со своите двајца браќа учествувал во нападот во Париз.
 
Како што наведува телевизијата Франс2, Салах Абдеслам  е осомничен дека е мозок на нападот изведен во Париз во петокот вечерта во кој загинаа најмалку 129 луѓе. Абдеслам, кој не е познат на известувачките служби, но кого полицијата го означува како "опасен", во саботата наутро е преконтролиран и пуштен во близина на француско-белгиската граница.
 
Тој како што пренесува "Фигаро", за нападите изнајмил автомобил, кој е пресретнат во саботата попладне во Белгија, но осомничениот не се наоѓал во него.
 
Салех Абдеслам, како што пренесуваат француските медиуми изнајмил два автомобила, кои терористите ги користеле во нападите во Париз, и истите автомобили подоцна се пронајдени во близина на концертната сала "Батаклан" и Монтреј, предградието на Париз.
 
Белгиската федерална служба вчера соопштила дека едно лице кое изнајмил еден од тие два автомобили ја поминал контролата во Камбреу, во саботата во 9:10  утрото на автопатот А2 во правец кон Белгија.
 
Франс2 наведува дека тоа лице е Салах Абдеслам и дека тој се наоѓал во возилото од кое напаѓачите пукале врз неколку барови во Париз.
 
Погледнете го видеото: