Македонија
26. April 2025 - 12:26

Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта

На 26.04.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево го лишија од слобода М.Б.(63) од Кичево.

При сообраќајна контрола на локален пат во кичевската населба Горица, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.

М.Б. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик  - „безобѕирно управување со моторно возило“.