-->
-->
Уапсен 29 годишник - во неговиот „мерцедес“ пронајдени производи без документација од Косово
-->
На 04.03.2023 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.
Имено, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени повеќе производи без документација, а кои ги донел од Косово.
Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
