Македонија
26. October 2025 - 16:38
Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
Неопходно е што поскоро носење на закон за Охридското езеро и формирање на тело за негово управување за да се заштити природниот басен, алармира научната фела.
Директорката на Хидробилошкиот завод Орхидеја Тасевска вели дека доколку не постои тело кое ќе менаџира со заштетното подрачје постојано ќе има кочници во спроведување на било какви решенија или мерки.
Секое природно езеро е подложно на стареење, но со негативните влијанија се забрзува тој процес.
Најстарото езеро во Европа, Охридското години наназад се соочува со низа предизвици и закани. Загадување, урбанизација, климатски промени и искористување на езерото за производство на електрична енергија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
