Турското Обвинителство нареди апсење на 154 осомничени „ѓуленисти“
Јавното обвинителство од Анкара издаде наредба за апсење на 154 лица меѓу кои офицери на Воената морнарица, наставници и синдикални активисти, кои се осомничени за членство во движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Меѓу лицата за кои се издадени наредби за апсење се и 66 наставници, кои претходно биле отпуштени од работа, под сомнеж за врски со организацијата на Ѓулен.
Врз основа на налогот на Обвинителството, полицијата денеска спроведе акции во пет турски окрузи при што се приведени 16 актуелни и поранешни припадници на Воената морнарица осомничени за поврзаност со Ѓулен.
Покрај оваа, спроведена е уште една полициска операција во над десет окрузи со цел да бидат приведени 72 членови на забранет синдикат, кој според Анкара, е финансиран од движењето на Ѓулен.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, дека стои зад неуспешниот обид за преврад во јули 2016 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот