Македонија
22. February 2025 - 17:03

Нема доволно водичи кои говорат германски јазик

Туристичките водичи сметаат дека законот за туристичка дејност е стар а претрпените измени неефикасни .Тие укажуваат дека дури и ги нема ,не постојат во националната класификација на дејности па неможат да отворат фирма како сите останати занаети и бараат суштински чекори за регулирање на овој проблем.

Во недостаток на квалитени водичи со доаѓањето на туристите од Германија за прошетка на групите се агажираат и преведувач и водич. Во Охрид  има тројца додека во Скопје четворица кои го говорат овој јазик.

Дел од туристичките агенции ангажираат водичи бидејќи се обрзани,но воопшто не го ценат квалитетот и нивното знаење, најважно им е да поминат што поефтинодецидни се лиценцираните водичи.