Балкан
8. November 2016 - 11:10

Турција отворена за разговори за развој на ракетен систем

Турција ќе разговара со сите заинтересирани страни, вклучително и Русија, за нејзините планови за развој на одбранбен ракетен систем со голем дострел, изјави денеска турскиот заменик секретар за индустрија на одбрана Исмаил Демир. 

Тој на прес-конференцијата во Анкара истакна дека Турција е подготвена да разговара за тоа прашање со сите заинтересирани земји, вклучителни и Русија и претходните понудувачи, јави Танјуг. 

Турција, која е членка на НАТО, минатата година го откажа тендерот за таков систем, во вредност од 3,4 милијарди долари, откако привремено и го додели на Кина.