Македонија
11. November 2020 - 16:05

Турчин избоден во центарот на Скопје

На 10.11.2020 во 21:23 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден А.О.У.(29) од Р Турција, кој престојувал во Скопје, при што кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди со кои се здобил при физички напад на подрачје на Центар од неколку лица, а при нападот едно од лицата му нанело убодни рани со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.