Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
Милиони американски граѓани денеска го избираат идниот претседател.
Анкетите кои покажаа разлика помеѓу Трамп и Харис во рамки на статистичка грешка, најавуваат долга и неизвесна изборна ноќ, а прогнозите се дека за конечни резултати ќе се чека повеќа дена.
Американците сепак од утринава во редови чекаат за да заокружат еден од двајцата кандидати кои изминатите месеци понудија целосно различни визии за водењето и на домашната и на светската политика. Во фокус на американските граѓани се очекувањата за подобрување на економијата.
На овие избори, чувствувам дека најважното прашање е да ја поправиме нашата економија и да ја подобриме. Бидејќи многу луѓе овде се борат со работни места, а инфлацијата е многу дива, па мислам дека тоа би било најважното нешто на кое треба да се фокусираме“.
Имам три ќерки и тие ќе имаат деца, мислам, некогаш и се плашам што може да им се случи. Го сфатив тоа како дадено додека пораснав како слобода што не сфаќав дека ја имам. И сега, кога е одземено, сфаќам дека тоа е моето тело, тоа е телото на мојата ќерка и ние треба да ја донесеме таа одлука. А Харис е, се разбира, тој што го разбира тоа
„За мене, главното прашање е веројатно економијата, колку е зголемена цената на сè. Киријата во моментов е неверојатно висока. Познавам многу луѓе кои лично се мачеа под администрацијата на Бајден, а јас само навистина се надевам дека Трамп може да направи нешто околу тоа“.
Анкетите до последен момент покажуваат неизвесна трка. Харис и Трамп се целосно изедначени во Пенсилванија и токму ова е државата која се очекува да го избере победникот. Минимално водство под 1% Харис има во Мичиген, Висконсин, и Невада, додека тесна разлика Трамп има во Аризона, Џорџија и Северна Каролина.
Харис која веќе го искористи правото да гласа по пошта, преку социјалните мрежи порача „Денеска гласаме затоа што ја сакаме нашата земја и веруваме во ветувањето на Америка. Направете го вашиот глас да се слушне“
Додека Трамп се очекува тоа да го направи денеска во Флорида. Секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот. За победа еден од кандидатите треба да освои најмалку 270 електорски гласови, од вкупно 538. Ако ниту еден од кандидатите не го достигне овој праг, според американскиот систем претседателот во јануари че го избира новоизбраниот Претставнички дом, а новоизбраниот Сенат ќе го избере следниот потпретседател. Инаугурацијата е закажана за на 20 јануари следната година.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар