Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
Се проширува истрагата за случајот „Грчец“. Покрај двајцата инспектори кои биле кртови за картелот Грчец, полицијата обезбедила голем број докази и за други лица. Министерот најави нови случаи кои произлегуваат од доказниот материјал кој го обезедиле преку мрежата Скај.
Судот им одреди мерка притвор на двајцата полицајци и член на криминалната група кои беа уапсени во синоќешната акција.
Инаку се работи за двајца пензионирани полицајци кои со години соработувале со групата Грчец, ги информирале што се плановите на полицијата и какви активности се преземаат. Во 2019 во име на групата Грчец тие се заканувале на едно лице да смени исказ, а потоа ги известиле криминалците дека се планира рација и поголема акција за нивно откривање.
Пренесувале инфомации и за двојното убиство во Чаир, кој бил приведен, какви искази давале и кои инспектори работат на случајот.
До сега им се суди само на неколкумина кои се од долниот дел од хиерархијата на криминалната група. Водачот на „Грчец“ Шеваљ Муареми се уште е во бегство а од март годинава се бара со меѓународна потерница. Осомничен е за голем број кривични дела.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар