Тројца повредени во ракетен напад на Хамас врз Тел Авив
Дваесетгодишен маж е хоспитализиран со повреди, а двајца полесно се ранети кога проктил погоди станбена зграда денеска во Тел Авив, соопштија локалните служби за итни случаи.
Видеата објавени на социјалните мрежи, кои на почетокот не беа независно потврдени, покажаа дека горниот кат од една зграда е оштетен од удар на ракета.
Воениот огранок на исламистичката група Хамас соопшти дека ракетите ги истрелала кон Тел Авив од Појасот Газа. Предупредувачките сирени се огласија во центарот на крајбрежниот град, а можеа да се слушнат и неколку пригушени експлозии.
Според израелската влада, повеќе од 8.000 ракети веќе биле истрелани врз Израел од Појасот Газа од страна на палестинските милитанти од почетокот на војната. Сепак, повеќето од нив се пресретнати од израелскиот противракетен одбранбен систем, познат како Железна купола.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот