Македонија
5. јуни 2025 - 16:35

Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември

Основците во нашата држава имаат 900 часови помалку од нивните европските врсници. Министерката Јаневска очекува ефектите од едносменската настава да се забележат од следната учебна година. Најави и летна градежната офанзива за доградба на училилници и училишта за да се спроведува овој процес во што повеќе воспитно образовни установи.

Ваква настава има во над 150 училишта во државата. Од УНИЦЕФ, од каде всушност произлезе и забелешката дека основците дома заостануваат од своите врсници во странство, велат дека го мониторираат целиот процес, но мерките мора да се спроведат за резултатите да испливаат на површина.

И додека чекаме ефекти од овие мерки, денеска домашни и странски експерти се собраа за да ја кројат образовната Стратегија за до 2032 година. Согласно изјавите на надлежните, меѓу приоритетите на Стратегијата ќе биде усогласување на образовните политики со дигитализацијата и примената на нови технологии – содржини со кои образовниот систем во моментов не може да се пофали. 

„Вештачката интелигенција претставува релативно нов концепт и многу земји во светот работат на тоа да ја доведат до образованието и слично. Македонија не е во првите 10 земји коишто успеваат на ова поле, меѓутоа тоа значи дека пред нас има многу работа за децата да ги воведеме барем во основите на вештачката интелигенција“, изјави Ана Чернишова, заменичката на постојаниот претставник на УНДП.