Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.
Како што наведуваат оттаму, во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.
- Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти, стои во соопштението.
Се додава дека во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани пет пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.
- Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, наведуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
