Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот одбор на партијата Антонијо Милошоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Со тоа, тој ги негира пишувањата во британските медиуми дека азиланти од Велика Британија ќе престојуваат во земјава.
Тој потенцира дека Договорот е еден од подобрите и посериозните документи кои земјава ги постигнала со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија, но не и бегалски кампови.
-Со овој Договор за стратешко партнерство предвидени се одредени средства со кои во Македонија ќе се гради инфраструктура. Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови. Британија откако излезе од Европската Унија, со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ случува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите членки и земјите кандидати на ЕУ имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, којшто е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови на некои опозициони партнери, од изјавата на британскиот амбасадор, дека британско-македонскиот стратешки договор потврдува и предвидува инвестирање во инфраструктура, во економија, безбедност и образование, но не предвидува бегалски кампови во Македонија, одговори Милошоски на новинарско прашање.
Милошоски потенцира дека сите оние кои се обидуваат оваа тема и понатаму да ја спинуваат, очигледно имаат недостаток на визија и на проекти кои би ги понудиле како Македонија да има постабилни партнери и држави пријатели како што е Велика Британија.
Британски медиуми деновиве објавија дека Британија преговара да депортира одбиени азиланти во Северна Македонија. Според објавите, двете држави од есенва биле влезени во формални преговори за да се реализира овој план.
МИА
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
