Бизнис
11. December 2017 - 8:23

Тркалезна маса за енергетска ефикасност во секторот домување

Тркалезна маса на тема „Развој на пазарот во секторот домување: Фокус на енергетската ефикасност“ денеска ќе се одржи во организација на Тервилигер центарот за иновации во домувањето од Атланта, САД и здружението Хабитат Македонија од Скопје. На настанот ќе се обрати и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тркалезната маса е дел од комплексен проект кој вклучува проценка на големината на пазарот и потенцијалот за инвестирање во енергетска ефикасност на колективните станбени згради во Македонија, преку систематска анализа на станбениот фонд, комбинирана со проценки за трошоците за енергетска реконструкција и обнова, како и долгорочните ефекти на ваквите зафати.