Три лица под истрага за изнуда: Го сечеле со жилет по грбот, сол и парфем му ставале на раните

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело изнуда.
Осомничените во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со употреба на сила кон едно лице од Битола, ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1.600 евра.
Откако телесно го повредиле тие прво воспоставиле телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видео повик со родителите и побарале од нив износ од 40.000 евра во замена за ослободувањето на нивниот син.
По неколкучасовни преговори, се согласиле мајката да им донесе првичен износ од 1.600 евра како дел од вкупниот износ од 40.000 евра кои ги барале. Согласно добиените инструкции, мајката парите ги донела во Скопје и ги оставила во возилото на нејзиниот син, марка Алфа Ромео, паркирано во Шуто Оризари.
Надлежниот јавен обвинител, со оглед на тоа што процени дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Предлогот беше прифатен и судот со решение им определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Само двајца пиротехничари ја покриваат цела Македонија, од ДЗС најавуваат промени
-
Панахида за Тодор Александов во штипско Ново Село
-
20-ти „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Филипче: Владата со цинични половина денар за килограм се фали со повисоки откупни цени на грозјето
-
Мицкоски го одби Филипче: Итроштина е декларација со црвени линиии за ЕУ
-
Политички тензии околку Рамковниот договор
-
Кога економијата беше подобра - во време на СДСМ или сега? Партиите со меѓусебни обвинувања