-->
-->
Трета победа во низа за Црвена звезда во Евролигата
-->

Кошаркарите на белградска Црвена звезда ја остварија и третата победа во низа во елитната Евролига.
На гостувањето кај шпанскиот шампион Валенсија, а во рамките од 12.коло, Црвена звезда забележа победа со 86-82, иако во последната четвртина имаше и 13 поени негатива.
Американецот, Џејмс Фелдин со 26 поени беше предводник на црвено-белите во оваа победа, во која македонскиот интернационалец Перо Антиќ партиципираше со 10 поени, четири освоени топки и една асистенција.
На останатите средби одиграни синоќа. Панатинаикос го совлада Армани со 80-72. Натурализираниот македонски репрезентативец Џордан Теодор постигна 9 поени за тимот од Милано.
Во Истанбул, Анадолу Ефес загуби од шпанската Басконија минимално со 81-82, додека ЦСКА Москва беше сигурна во дуелот против Макаби кој го совлада со 101-86.
Сега, московскиот тим е осамен на врвот на табелата со 10 поени и 2 порази, пред Олимпијакос кој има една победа помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
