Трета фаза од изградбата на патот од Горни Дисан кон Вешје, Неготинско
Во тек е третата фаза од изградбата на патот од Горни Дисан кон Вешје, неготинско, информираше градоначалникот на Неготино Ванчо Атанасов. Тој соопшти дека се реализираат земјени активности како подготовка за асфалтирање на нови 630 метри од патниот правец.
- Станува збор за проект вреден 260.000 евра, со кои ќе се асфалтираат нови 630 метри со ширина на патот од 5,5 метри според пропишаните стандарди за изградба на регионален патен правец. Инаку, во првата фаза беа асфалтирани 800 метри, во втората со средства од проект за прекугранична соработка 430 метри, нагласи градоначалникот.
Апостолов рече дека асфалтирањето на преостанатите 250 метри од овој патен правец се обврска на локалната самоуправа.
Паралелно, финишираат и активностите околу ставањето во функција на новата фонтана која се гради на градскиот плоштад.
- Исто така, општина Неготино со средства од буџетот започна со активност за санирање на ударните дупки на улиците во Неготино. Работите најпрво започнаа во Саат-кула, продолжуваат долж главните улици "Маршал Тито" и "Партизанска", а ќе бидат опфатени и сите други улици каде што е регистрирано присуство на ударни дупки.
Ново на Сител
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена
-
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје