Македонија
24. April 2025 - 16:40
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје
Пет деца годинава се обиделе да се самоубијат поради страв, вознемиреност и гнев. Три вакви обиди имало минатата година. Малолетниците помош побарале преку линијата „Ало Бушавко“ на првата детска амбасада Меѓаши, чиј извештај бележи пораст на нарушеното ментално здравје кај децата.
Помош лани побарале над 200 деца, најчесто машки и на возраст помеѓу 7 и 9 години. На менталното здравје кај децата најмногу влијаат нарушените односи помеѓу родителите, булингот и тензиите со наставниците во училиште.
Од Меѓаши апелираат да не се занемарува менталното здравје кај децата како еден од најголемите предизвици на современото време. Покрај системска поддршка, потребни се и стручни кадри во училиштата.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->