Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
Претседателот на ССМ возврати на нападите од ВМРО ДПМНЕ. Подготвен сум да живеам со 30 илјади денари, ако утре го смените законот и сите избрани и именувани функционери да земаат 500 евра плата, но исто толку да биде и минималецот. Трандафилов смета дека е несериозно пратеник со 118 илјади денари да го осудува претседателот на ССМ кој зема три пати помалку од него.
„Од утре, мене и нив платата да ни биде 500 евра, ама заедно да изгласаат закон за работниците да добијат 500 евра минимална плата. Јас и они ќе примаме 500 евра плата една година, јас немам никаков проблем со тоа. И ги повикувам, следниот пат, текстот кога ќе го внесат во идиотот, и кога ќе читаат од идиотот, да прочитаат дека тие се согласни цела Влада, Собрание, директори, шефови, кои се ухлебани на државна сметка цел живот, да примаме 500 евра минимална плата, колку што ќе прмаат близу 200.000 работници“, вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ кон првите лица од ССМ продолжуваат и денеска. Петрушевски објави дека Трендафилов за 14 месеци инкасирал нешто над 27 илјади евра, додека Манасиевски за потпретседателот на ССМ Пешевски вели дека дебело профитира врз грбот на работниците.
Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плати? - Синдикалците на батерии се прочитани.
Според информациите, кои до нас ги доставија свиркачи од ССМ, на кои им е преку глава од злоупотребите на Трендафилов и Пешевски, овие двајца дебело профитираат. Имено, според информациите кои ги добивме, платата на Пешевски, кој деновиве глуми загрижен синдикалец е 3 пати поголема од минималната, изјави Валентин манасиевски, ВМРО ДПМНЕ.
Незадоволни што минималната плата се зголеми колку што е законскиот минимум, односно 1.800 денари, утре синдикалците во 12 часот и 5 минути пред Собранието ќе го почнат маршот со порака - Не може да има за пратениците, а да нема за работниците. Од таму ќе се упатат до Стопанската Комора, а ќе завршат пред Владата.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар