„Транспаренси интернешанл“: Зголемена корупција во девет арапски земји и територии
Истражувањето на невладината организација „Транспаренси интернешанл“ во девет арапски земји и територии покажува се поголема корупција, посебно во Либан, кој е потонат во политичка криза, и во Јемен, кој е зафатен од конфликти.
Според извештајот на организацијата, 61 отсто од луѓето во земјите кои се опфатени со истражувањето (Јемен, Египет, Судан, Мароко, Либан, Алжир, палестинските територии, Тунис и Јордан) сметаат дека корупцијата е зголемена во текот на изминатата година.
Сепак податоците од земјите се различни. На пример, 92 отсто од жителите на Либан, 84 проценти во Јемен и 75 отсто во Јордан сметаат дека корупцијата се зголемила, но истиот одговор го дале само 28 проценти од граѓаните на Египет и 26 отсто од Алжирците. Седумдесет и седум проценти од јеменските и 50 отсто од египетските испитаници признаваат дека давале поткуп за да добијат административна услуга, наспроти девет проценти од луѓето во Тунис и четири отсто во Јордан.
Јавното мислење во ниту една од земјите не дава позитивна оценка за напорите на властите во борба против корупцијата.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче