Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони произведени во странство, јавија светските агенции.
Трамп тврди дека го враќа богатството во САД, велејќи дека странските земји го ограбиле во размери без преседан.
-Тие зедоа толку многу од нашата земја, и пријателите и непријателите. И искрено, пријателите честопати беа многу полоши од непријателите. А тоа е многу скромно, им рече тој на новинарите во Овалната соба.
„Она што ќе го направиме е да поставиме царина од 25 отсто за сите автомобили што не се произведени во САД“, додаде тој.
Царините за автомобили ќе стапат на сила на 2 април. Царините од 25 проценти ќе бидат додадени на сите веќе воведени давачки за увоз на автомобили.
Не е јасно како царините ќе се наметнат, имајќи предвид дека многу автомобили произведени во САД се направени од увезени делови, но Трамп вети дека ќе има „многу силна полиција“ за својата наредба.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази жалење за ваквиот потег на Трамп и воведувањето царини за извоз на автомобили од Европската унија во САД.
„Царините се даноци, лоши за компаниите, уште полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, рече таа.
Ново на Сител
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга
-
Возач на автобус прегазил 51-годишник кој управувал со тротинет, па го напуштил местото на настанот
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка
-
Кривична за двајца малолетници осомничени за насилство