Трамп во Русија во 2013 година ја отфрли непристојната понуда
Долгогодишниот директор за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Кит Шилер, изјави пред истражителите од комитетот при Долниот дом на Конгресот дека за време на посетата на Русија некој странец се понудил да им прати пет жени во хотелската соба, но дека тој тоа го одбил.
- Не сме заинтересирани, му рекол Шилер на мажот.
Шилер, долгогодишен телохранител на Трамп, им рекол на истражувачите дека Трамп не се однесувал незаконски или непримерно.
Според него, понудата дошла по состанокот кој Трамп го имал во Москва, а на кој присуствувал деловниот магнат Арас Агаларов, близок на Владимир Путин.
Откако се случило тоа, Шилер и Трамп се шегувале во врска со понудата додека се враќале во хотелот.
Трамп беше во Москва по повод годишниот натпревар Мис Универзум, продуциран од неговата компанија.
Шилеровата долга и блиска врска со Трамп го прави потенцијално достоен сведок во рамките на истрагата за мешањето на Русија на претседателските избори во САД.
Посетата на Трамп во Москва е една од најинтересните тврдења во истражувањето финансирано од демократите за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во документот се наведува дека Трамп бил во друштво на проститутки за време на неговиот престој во Москва, што претседателот на САД жестоко го осуди.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз