-->
-->
Трамп со услов до Ким - Нема состанок доколку има нуклеарни или ракетни проби
-->
Не смее да има нуклеарни ниту ракетни проби, е условот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави денеска министерот за финансии на САД Стив Мнучин.
- Не треба да има забуна околу тоа. Претседателот јасно стави до знаење дека услов за состанокот е да нема никакви нуклеарни ниту ракетни проби, изјави Мнучин за телевизијата Ен Би Си.
Ким минатата недела го повика Трамп на состанок, а шефот на Белата куќа на Твитер објави дека „со задоволство“ прифаќа, што претставува пресврт во односите помеѓу двете земји.
Портпаролката на американскиот претседател Сара Сандерс рече дека местото и времето на средбата на двајцата лидери дополнително ќе бидат утврдени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против кавадарчанец кој крадел од болница и верски објект
-
Запалил стан и викендица, поднесено обвинение за зетот на Зоки Фаци
-
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
-
САД и Кина почнуваат преговори за царините
-
Приведен малолетник во Куманово, украл мотоцикл
-
Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете
-
Министерот Муцунски го пречека претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ
-
Тошковски: Безбедноста е темел на секое здраво општество