Свет
6. May 2025 - 19:10

Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија

До Уставниот суд на Романија денеска е поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори, што се одржаа на 4 мај.

Уставниот суд на Романија сè уште не прецизира кога ќе ја разгледа жалбата.

Лидерот на националистичката партија Алијанса за обединување на Романците, Џорџе Симион, оствари убедлива победа во првиот круг со 41 процент од гласовите. Градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, кој се кандидира како независен кандидат, се пласираше на второто место со речиси 21 отсто од гласовите.

Во декември беше поништен првиот круг од претседателските избори поради руско мешање во кампањата, на кои околу два милиона гласа освои прорускиот националистички кандидат Калин Георгеску. Потоа на Георгеску му беше забрането да се кандидира на новите избори, и беше воведен сет нови правила за повторените избори.