Трамп: Системот „Златна Купола“ бесплатен за Канада ако се приклучи на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада би можела да се приклучи на планираниот американски одбранбен воздушен штит, познат како „Златна Купола“, или со плаќање 61 милијарда долари или со станување дел од САД.
– Ѝ кажав на Канада, која многу сака да биде дел од нашиот прекрасен систем „Златна купола“, дека тоа ќе чини 61 милијарда долари ако останат посебна, но нееднаква нација, но ќе чини НУЛА ДОЛАРИ ако станат наша ценета 51-ва држава. Тие ја разгледуваат понудата!, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Неговите коментари дојдоа откако канадскиот премиер Марк Карни изјави за Си-Би-Си дека сака да се приклучи на голема европска одбранбена иницијатива до 1 јули, потег насочен кон намалување на зависноста на земјата од САД за оружје и муниција.
Карни постојано ги отфрлаше обидите на Трамп да ја натера Канада да стане 51-ва држава. На неодамнешна средба со Трамп во Овалната соба, Карни рече: „Канада не е на продажба“.
Минатата недела, Трамп објави повеќе детали за проектот вреден 175 милијарди долари, велејќи дека тој ќе биде оперативен пред крајот на неговиот мандат во 2029 година и ќе може да пресретнува дронови и проектили од каде било во светот, па дури и од вселената.
Трамп ја презентираше иницијативата „Златна Купола“ кратко по преземањето на функцијата во јануари. Системот е моделиран според израелската „Железна Купола“, но ќе биде прилагоден на условите во САД и интегриран со постоечката одбранбена инфраструктура.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници