-->
-->
Трамп: САД се заштитнички настроени кон Балтикот
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД се многу заштитнички настроени кон балтичките земји и можат да се соочат со каква било закана која што таму ќе избие, пренесува Танјуг.
"Многу заштитнички сме настроени кон тој регион, тоа е се што можам да кажам“, изјави Трамп на заедничката конференција за новинари со претседателот на Финска Саули Нинисто, кој вчера беше гостин во Белата Куќа.
Трамп пред новинарите нагласи дека САД имаат добри пријатели во регионот на Балтикот, јавуваат американските медуми.
За време на посетата на Хелсинки американскиот претседател изрази солидарност против заканите за тероризам кон Финска, каде што на почетокот на месецот во градот Турку маж со нож нападна осум луѓе, по што загинаа две лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
