Македонија
28. December 2019 - 8:32

Новогодишен хуманитарен базар во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел

Новогодишен хуманитарен базар ќе се одржи денеска во спортската сала „Антон Димитров“ во Општината Бутел.

На базарот, што по повод новогодишните и божиќните празници го организира Општината, ќе учествуваат ученици од седумте основни општински училишта, како и деца од градинката „11 Октомври“.

Средствата собрани од продажбата на новогодишните производи ќе бидат наменети за 21-годишно момче со инфантилна церебрална парализа.

Новогодишниот хуманитарен базар ќе го отвори градоначалникот на општината Бутел, Велимир Смилевски, а ќе се одржи и културно-уметничка програма.