Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот лидер Владимир Путин, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.
– Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добар однос. Веројатно сè уште го имаме. Не знам зошто продолжува со оваа војна, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Тој рече дека Путин едноставно не сака да го запре конфликтот со Украина, кој трае повеќе од три и пол години. – Мислам дека тоа го прави да изгледа многу лошо. Тој може да ја заврши војната, и тоа брзо, додаде американскиот претседател.
Во исто време, Трамп ја пофали Украина за нејзината одбрана од руските напади и потврди дека Зеленски ќе го посети в петок. – Тој сака оружје, сака Томахавк ракети, рече Трамп, не исклучувајќи можност да ѝ испорача такви крстосувачки ракети на Украина.
Претходно, Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков предупреди против таков потег.
Томахавк ракетите имаат дострел до 2.500 километри и технички можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.
МИА
Ново на Сител
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на мининалецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
