Tрамп нема да учествува на инаугурацијата на Бајден
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Твитер објави дека нема да учествува на инаугурацијата на новоизбраниот претседатал Џо Бајден.
Трамп со ова ја нарушува воспоставената традиција во политичката историја на САД, претседателот во заминување да се ракува и разговара со новоизбраниот претседател, како конечен акт на примопредавањето на власта.
-До сите оние кои прашуваат, нема да одам на Инаугурацијата на 20 јануари, напиша тој денеска во твит. Ова е трета негова Твитер порака откако социјалната мрежа го блокираше неговиот налог во средата на 12 часа.
Трамп нема да биде првиот претседател кој избегнува инаугурација. Претходно тоа го сториле претседателите Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендрју Џонсон.
Иако победата на Бајден беше утврдена од страна на американскиот изборен колеџ во декември, целеото време пред гласањето на електорите и потоа, Трамп тврдеше дека постои наводна кражба на гласови и изборна измама, и не ги признавa резултатиte. Изборите се оддржаа на 3 ноември 2020 година.
Тој ги разгори радикалните елементи во земјата со употреба на речник на омраза и напади кон традиционалните медиуми. Некои од највжештените поддржувачи на Трамп, поврзани со радикални десничарски елемнти и привразници на теории на заговор, после протесеен митинг кој се оддржа во средата, извршија упад во американскиот Конгрес.
Ново на Сител
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт