Трамп: Не се откажувам, не заради себе, туку за 74 милиони Американци кои гласаа за мене
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави дека не се бори за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за него.
„Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе (не вклучувајќи ги бројните гласови за Трамп што беа фрлени) кои гласаа за мене“, напиша Трамп.
Тој од гувернерот на Џорџија побара итна реакција и проверка на гласачките ливчиња во таа сојузна држава, наведувајќи дека тој лично многу лесно може да го стори тоа.
„Зошто Брајан Кемп, несреќниот гувернер на Џорџија, не ги искористи своите овластувања за итни случаи, што може лесно да го стори, за да го совлада својот тврдоглав државен секретар и да ги провери потписите на пликовите. Тоа би бил „ златен рудник“ за измама и лесно би можеле да ја освоиме државата“ напиша Трамп на Твитер.
Тој понатаму во твитот наведува дека треба брзо да се проверат и бројот на пликоа и бројот на гласачките ливчиња.
“Можеби едноставно ќе откриете дека има многу повеќе гласачки ливчиња отколку што има пликови. Тоа е толку едноставно и лесно за правење. Републиканците од Џорџија се бесни, сите републиканци се бесни. Направете го тоа!”, напиша Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања