Трамп како претседател сепак би водел „пофлексибилна“ имигрантска политика
Водечкиот претендент за кандидат на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп, доколку би бил избран на претсдателската функција, сепак, би водел „пофлексибилна“ имигрантска политика, пишуваат американските медиуми, повикувајќи се на еден негов неформален разговор со уредници на весникот „Њујорк Тајмс“.
Двајцата негови противкандидати, Тед Круз и Марко Рубио кои последниве недели водат силна кампања против Трамп настојувајќи да го дискалификуваат кај гласачите, го обвинија дека неговата „тврда и остра“ имигрантака политика, која наидува на одобрување кај голем број од републиканските гласачи, не е искрена и дека тој всушност не верува во она што досега го зборуваше.
Трамп предизвика бројни контроверзи со своите заложби дека како претседател на САД, ќе ги депортира сите илегални имигранти и дека ќе изгради ѕид долж американско-мексиканската граница.
Тоа предизвика бројни осуди во американската политичка јавност. Изјавите ги осуди и претседателот Барак Обама, папата Франциско јавно се посомнева дали Трамп е христијанин кога заговара ваква политика, а еден од поранешните мексикански претседатели го спореди американскиот милијардер со Хитлер.
Но, како што тврдат американските медиуми во разговорот во уредниците на „Њујорк Тајмс“, Трамп зборувал сосема поразлично од неговите досегашните заложби.
Сенаторите Круз и Рубио, како и поранешниот претседателски кандидат Мит Ромни, побараа авторизација на разговорот и негово објавување.
- Сега наеднаш се појавија и тајни ленти во „Њујорк Тајмс“ па затоа барам Доналд (Трамп) да побара од редакцијата да се објави разговорот, изјави Круз, инсистирајќи тоа да се случи пред гласањето на денешниот „супер вторник“.
Уредникот на „Њујорк Тајмс“, Ендрју Розентал за еден американски интернет весник рекол дека нема да коментира неформални изјави, но дека ако Трамп се согласи, ќе го објави целиот разговор.
Пред денешното гласање во 11 сојузни држави на САД и во територијата Американска Самоа, а кај демократите и меѓу нивните гласачи во странство, кај републиканците уверливо води Трамп пред Круз и Рубио.
Кај демократите пак Хилари Клинтон веќе има голема предност пред сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.
Направените анкети пред гласањето, што е веќе започанто на Источниот Брег на САД , Трамп и Клинтон важат за фаворити.
Трамп се предвидува да победи во сите сојузни држави, освен во Тексас, додека Клинтон се верува дека ќе ги добие изборите секаде каде што се гласа.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово