Трамп: Царините може да донесат „малку вознемиреност“
Американскиот претседател, Доналд Трамп ги бранеше новите високи царини против долгогодишните економски партнери на САД, како Канада и Мексико, во своето прво обраќање пред двата дома на Конгресот по враќањето на функцијата.
Републиканскиот претседател истакна дека царините имаат за цел да ја направат „Америка повторно богата“, додавајќи дека „може да има малку вознемиреност“ и „може да има период на прилагодување“.
Трамп потврди дека новите, далекусежни царини ќе стапат во сила на 2 април.
-Со децении не измамуваа речиси сите земји во светот, и нема повеќе да го дозволиме тоа, изјави Трамп.
Царините од 25 отсто на стоки од Мексико и Канада стапија во сила во вторникот.
Трамп најави и двојно зголемување на тарифите за увоз од Кина, кои беа воведени во февруари, од 10 отсто на 20 отсто.
Кина, Мексико и Канада веднаш возвратија со сопствени контрамерки за увоз од САД.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“