Трагедија во македонската армија: Почина професионален војник по гаснење пожар на Криволак

Професионалниот војник О.Х. (35) починал синоќа во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ.
- По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вечерните часови се испитувале од страна на истражен судија кој извршил увид.
По објавувањето на официјалниот извештај за обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник за што од Генералштабот на АРМ најавуваат дека дополнително ќе ја информира јавноста.
Ново на Сител
-

Турците, Србите, Германците и Полјаците најбројни странски туристи во земјава
-

СДСМ: Кој ќе одговара за скандалот?
-

Арсовска го повикува Ѓорѓиевски на ТВ дуел
-

Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси
-

Остатоци од дронови пронајдени во Романија
-

Спроведена постапка за мајката од скопско која го малтретирала своето бебе
-

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
