-->
-->
Трагедија во Гостивар: Експлодираше плинска боца, едно лице се бори за живот
-->
Четриест и деветгодишен гостиварец е повреден откако експлодирала плинска боца на балконот од станот во кој живеел. Повредениот со изгореници е префрлен на скопските клиники на лекување.
Според првичните сознанија од увидот што е во тек, во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар, од сé уште не познати причини, околу 20 часот дошло до ескплозија на плинска боца. При тоа гостиварецот В.И. се здобил со повреди и бил пренесен во гостиварската болница од каде е препратен на скопските клиники.
Експлозијата опожарила и дел од станот, а огнот со интервенција на противпожарната екипа набрзо бил локализиран и било спречено опожарување на внатрешноста.
Увидини екипи сé уште се на местото и работат на расвелтување на случајот кој предизвика вознемиреност во соседството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Москва одбележува 80-години од победата над фашизмот
-
9 мај - Ден на победа над фашизмот
-
Почна најмасовна волонтерска акција за чистење на отпадот - Генералка викенд
-
Младите се помалку се обучуваат за спасители на вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан