Loading Video...
Свет
9. May 2025 - 12:45

Преглед на вестите од светот

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп повика за едномесечен безусловен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, при што секое прекршување ќе биде казниво со санкции.

„Разговорите со Русија/Украина продолжуваат. САД повикуваат, на 30-дневен безусловен прекин на огнот“, објави Трамп кратко време по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп рече дека „двете земји ќе бидат одговорни за почитување на светоста на овие директни преговори“ за запирање на конфликтот што започна кога Русија ја нападна Украина во 2022 година.

Американскиот претседател додаде дека сака по прекин на огнот да се изгради „траен мир“. Трамп и други високи американски претставници ги засилија предупредувањата во последните недели дека Вашингтон е подготвен да се откаже од својата улога на посредник ако наскоро нема напредок.

Европа возвраќа: Брисел подготвува царини и ограничувања за извозот во САД

Европската комисија објави список на целни производи со што се сигнализира подготвеноста на ЕУ за економски противмерки. Според планот за воведување дополнителни царини на увозот од САД во вредност од околу 95 милијарди евра, доколку преговорите со Вашингтон не резултираат со решение за тековниот трговски спор. Покрај тоа, Комисијата се консултира со земјите членки за можни ограничувања на извозот на одредени видови челичен отпад и хемиски производи од ЕУ кон САД, во вредност од 4,4 милијарди евра.

Урсула фон дер Лајен смета дека Брисел верува во можноста за постигнување фер договори кои ќе бидат од корист за потрошувачите и бизнисите од двете страни на Атлантикот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во април привремено ги замрзна најавените царини за повеќето трговски партнери, вклучително и ЕУ, за период од 90 дена, што го поттикна Брисел да ги одложи планираните контрамерки и да даде простор за продолжување на разговорите.