Loading Video...
Свет
9. May 2025 - 12:47
Москва одбележува 80-години од победата над фашизмот
Москва денеска го одбележува Денот на победата - по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Подготовките за свечениот чин трае подолг период, а секако централно место на настанот е воената парада на Црвениот плоштад.
Парадата годинава е во фокусот на јавноста особено поради политичките и безбедносните контексти во кои се одржува. Парадата вклучува воени формации, тенкови и авијација, како и учество на војници од земји кои се сметаат за „пријатели“ на Русија.
На Црвениот плоштад најавено е присуство на странски лидери и делегации од повеќе држави. Заради самиот настан преземени се и засилени мерки за безбедност, поради можност од напади од Украина.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
-->
-->