Трагедија: Детенце (3) се удави барајќи ја играчката во канта
Тригодишно дете настрада додека си играше во дворот.
Во Чепин кај Осјек шок и тага. Во средата околу 18 часот Леон Салај, барајќи ја својата играчка сакал да провери дали е во кантата во која фрлале хартија.
Детето пред кантата го ставило својот пластилен трактор на кој се качило и тогаш најверојатно изгубило рамнотежа и паднало во кантата која била полна со вода.
Пред месец дена мајката на детето се породила со второто дете, а таткото кој пред трагедијата бил во дворот заедно со бабата и дедото на детето на минутка влегол во куќата да провери како му е сопругата. Трагедиајта се случила токму во тој момент.
Кога сфатиле што се случило се обиделе да го реанимираат детето, но не успеале, велат соседите. Никој од семејството не можел да каже ниту збор, сите биле длабоко шокирани од несреќниот случај.
додека не се направи обдукција и истражат сите детали полициајта нема да ја коментира трагедијата.
Ново на Сител
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски