Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел

Во Коломбел, во срцето на Нормандија, на денот на француското национално сеќавање од завршувањето на Првата светска војна, македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, заедно со претставници на македонската дијаспора, оддадоа почит на паднатите македонски борци кои го дадоа својот живот во Првата светска војна, рамо до рамо со француските и сојузничките сили во Македонија.
-Во Франција 11 ноември е национален празник познат како „Ден на примирието“, со кој се одбележува крајот на Првата светска војна во 1918 година, кога во 11 часот беше потпишано примирието меѓу сојузничките сили и Германија. На овој ден, низ целата земја се одржуваат комеморативни церемонии во чест на сите паднати борци и жртви на војната, а сеќавањето претставува симбол на мирот и помирувањето меѓу народите, се наведува во соопштението на Македонско-француското здружение „Илинден 1903“.
Церемонијата се одржа во Коломбел, во присуство на градоначалникот Марк Потије, кој ја нагласи важноста на интернационалната меморија и пријателството меѓу народите.
-Овие херои, кои често остануваат во сенка на големите наративи, заслужуваат да бидат дел од нашата заедничка историја, изјави Иљо Бундевски во својот говор, проследен со македонската и француската химна.
Македонско-француското здружение „Илинден 1903“, е основано со цел да ги зближи Нормандија и Македонија преку културни и историски врски.
На спомен-плочата во Коломбел се врежани имињата на македонските борци, симбол на жртвата и достоинството.
Со оваа комеморација, Франција и Македонија повторно потврдија дека сеќавањето е мост меѓу генерациите и народите.
-Нашата задача е да не дозволиме овие имиња да исчезнат од историјата, порача претседателот на македонско-француското здружение „Илинден 1903“, Смиле Петровски.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

СДСМ: Да се прошири истрагата
-

Донатори од Србија донираа витражи за гробот на Тоше
-

Младите да се доближат до верата
-

Окупната цена на арпата во слободен пад
-

Преглед на вестите од светот
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
