Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
Скопскиот градоначалник ќе ги достави сите докази за злоупотреби во јавните претпријатија во обвинителството и побара командна одговорност и за оние кои им потпишувале плата на лицата кои не оделе на работа.
Финансовата полиција го чешла работењето и во Комунална хигиена но на располагање им се ставени сите документи и од градската администрација. Ѓорѓиевски вели меѓу отпуштените имало и лица кои биле во притвор или отслужувале затворска казна. Истрагата според него ќе води и до повисоки институции и функции под градската капа.
Ѓорѓиевски најави дека бројот на лица кои се на платен список во претпријатијата а кои не доаѓаат на работа ќе се зголемува. Тој одби да ја коментира поканата на екс градоначалничката Арсовска за ТВ дуел и повикот да ги објави списоците со луѓето кои биле избркани од работа откако ја преземал функцијата. И порача, да се позанимава со други институции.
Скопскиот градоначалник најави кадровски измени во претпријатијата во следните денови. Најави отпочнување на тендерска постапка за подземната сообраќајница Лимак. Ѓорѓиевски рече дека во следниот период ќе се занимава со реорганизација на јавниот превоз но и да ги продолжи инфраструктурните проекти за булеварите кои одамна требало целосно да се реконструираат.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
