Македонија
12. November 2025 - 17:01

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата

Мицкоски седнува на маса со лидерите на Вреди за да ги договори смените во неговиот кабинет предизвикани од резултатите од локалните избори. Консултациите се веќе почнати, а се очекува да се интензивираат вечерва или утре.  

Ова порака стига само ден откако вицепремиерот Фетаи обзнани дека Вреди не отстапува од тоа двете владини функции што ги напушта Меџити – вицепремиер и министер за животна средина да бидат и пополнети со двајца нови министри. И тоа Беким Сали, веќе отворено е нов предлог за вицепремиер, а ново име Вреди најавува за животна средина.

Ова не е нов став на албанскиот партнер. Од Вреди веднаш по изборите брифираа дека бараат две места, но тогаш Мицкоски како премиер веднаш го одби ваквото барање.

Се празни и Министерството за политички систем бидејки Иван Стоиљковиќ стана советник во Куманово. 

Испразнетите места веројатно нема да бидет единствените промени во Владата што ќе се договараат на овие состаноци. И самиот Мицкоски најави дека ќе има смени на оние министри што според него не работеле доволно.

Засега се шпекулира дека сменети би биле министерот за економија и труд од Вреди – Дурмиши, министерот за правда од ЗНАМ – Филков и министерот за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ – Трипуновски.

Иако првично се споменуваа можни трансфери и во ресорите на образование, здравство, внатрешни и обрана засега владејачките партнери негираат дека во овие министерства би имало некакви смени.

Во Владата сега има 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ, 6 од Вреди и двајца од ЗНАМ.